Груба игра на Аргентина: Гаучосите покажаа дека не знаат да губат

Хрватската фудбалска репрезентација во својот втор натпревар од актуелното Светско Првенство Во Русија, со убедливи 3:0 и нанесе тежок пораз на големата Аргентина.

Стрелци за Хрватите беа Анте Ребиќ (53 минута), Лука Модриќ (80 минута) и Иван Ракитиќ (90+1 минута).

Од почетокот ова беше еден груб, нервозен и помалку див натпревар.

Аргентинците удираа, а хрватските играчи, посебно Ребиќ и Манџукиќ, воопшто не останаа рамнодушни и враќаа со иста мерка.

Меѓутоа, откако Анте Ребиќ со прекрасен волеј погоди по катастрофалната грешка на Кабаљеро, распоредот на силите на теренот драматично се промени.

Хрватска во тој момент не застана, не чекаше и не го чуваше резултатот. Всушност, пред голот на Аргентина се редеа напади, а немоќните Гаучоси свесни дека не можат ништо, стануваа се повеќе нервозни и со многу ниски удари, во многу неспортски дух ја завршија средбата.

Најгруб беше Отаменди, кој со топката во непосредна близина, очигледно со намера, го погоди во глава Ракитиќ кој лежеше на теренот. Играчот на Сити за овој срамен потег доби жолт картон од главниот судија.

Аргентинците веројатно очекуваа дека со тие потези ќе ги испровоцираат избраниците на Далиќ, за и тие на грубост да вратат со грубост, но тоа не се случи.

Модриќ и компанијата до крајот навистина ја уништија Аргентина, но со игра, неверојатни потези и прекрасни голови.

Во 80 минута Лука Модриќ со мајсторски удар од далечина погоди за 2:0, а само шест минути подоцна Ракитиќ од слободен удар ја погоди пречката, за потоа во судиското продолжение после контра напад да го постигне третиот гол, како круна за една од најголемите победи во историјата на Хрватска.

Аргентинците до крајот играа уште погруб фудбал, а по натпреварот Лионел Меси си замина во соблекувалната без да му честита на противникот.

Аргентина на овој начин му покажа на светот дека не знае да губи, како и тоа колку се всушност тие навистина мали во порази.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more

Најдобрата единаесетка на 21. век

Read more

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Read more

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе
  • play_arrow

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Читај повеќе
  • play_arrow

Втора бараж среќа - Грузија преку Грција до деби на ЕУРО

Читај повеќе

Поранешниот најголем талент на Бразил е суспендиран на 2 години - мамење на примерок од урина

Читај повеќе