Груби разговараше за отворање на границата со Косово

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Првиот заменик премиер на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со неговиот косовски колега Бесник Тахири, а по разговорите тој истакна дека меѓу двете земји нема никакви отворени прашања и дека односите се одлични.

Главни теми на средбата биле границите кои се затворени поради COVID-19 и автопатот, како и размена на искуства.

-Разговаравме за пренос на најдобрите искуства од нашата земја во Косово и обратно, посебно во делот на интеграција на нашата земја во  ЕУ, додека интеграцијата на Косово во НАТО и во ЕУ. Исто така разговаравме и околу пандемијата COVID-19 и, јас, лично, се залагам за отворање на границите по примерот на границите помеѓу Албанија и Косово, затоа што Албанија и Косово никогаш не ги затворија границите и трансмисијата на заразата е минимална, додека придонесите за економиите на двете земји беа огромни посебно со последиците што ги носи пандемијата, рече Груби.

Од тие причини, додаде тој, со Косово, со Србија и со сите други соседи треба да ги либерализираме границите за нашите економии да може да функционираат послободно и поефикасно. 

Груби изрази задоволство од посетата на Тахири, потенцирајќи дека верува оти тој ќе се ангажира за нашите билатерални односи на најискрен и најконструктивен начин затоа што е пријател на нашата земја.

Косовскиот вицепремиер Тахири истакна дека со Груби разговарале посебно за три теми и тоа  секретаријатот што Владата во Приштина сака да го примени и да се стекнат со иксуствата коишто  ги имаше РСМ во врска со тоа прашање, втората тема бил автопатот што треба да се гради и третата тема е поврзана со COVID-19.

-Автопатот во делот на Косово е веќе завршен и се надевам дека РСМ скоро ќе почне со работа за да може да се поврзат двете страни уште побрзо и да имаме подобра економска размена, рече Тахири.  

Во однос на COVID-19, како што кажа тој и Груби разговарале за тоа дека би требало да се отворат границите за да може да работиме, да се движат луѓето, а и би било голем придонес за економијата.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе