Груевски: Јас се подготвувам да победам на избори, а не да бегам

Поранешниот премиер Никола Груевски, на седницата во Апелациониот суд, рече дека не сторил кривично дело и дека против него се води политичка хајка. Тој рече дека се подготвува за победа на избори, а не да бега.

„Не сум сторил кривично дело за да имам причина да се плашам. Против мене се водат политички прогон и хајка. СЈО нема докази против мене. Единствениот сведок против мене е Заев. Едвај чекам да почне судењето за јавноста да се увери дека сум невин“, рече Груевски.

Тој рече дека ако сакал да бега, за тоа имал две години, односно откако СЈО најави дека ќе бидат поднесени обвиненија против него.

„Сум имал можности да избегам две години откако СЈО најави дека ќе ми бидат поднесени обвиненија. Сум патувал и сум се враќал во земјата. Сум можел да избегам ама не сум го сторил тоа“, рече Груевски.

Тој рече дека не одбил ниту една покана на на СЈО.

„Не сум отсуствувал од рочишта,  ќе се јавувам на секоја покана од судот“, рече Груевски.

Тој рече дека е водач на најголемата партија во Македонија и дека граѓаните го избрале и покрај обвиненијата на СЈО.

„Каде би бегал во овој глобализиран свет“, праша Груевски.

Според него, со решението да му биде одземен пасошот и обврската еднаш неделно да се јавува во суд, гласачите треба да добијат перцепција дека е виновен.

Тој смета дека овие мерки го ставаат во нерамноправна позиција со Заев и дека не можел да лобира за партијата ако не му го вратат пасошот.

„Зошто за Заев нема мерки на претпазливост?“ ги праша Груевски судиите.

Бурим Рустеми од СЈО рече дека мерките не се политички туку се определени поради однесувањето на Груевски.

Според него, увидот во списите му е алиби затоа што одбраната на Груевски не вршела увид туку разгледувала записници.

Обвинителот рече дека Груевски ја опструирал истрагата и рокот на СЈО за покренување обвиненија.

Седницата на која се разгледуваат жалбите на Груевски траеше час и половина. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе