Груевски на Facebook потврди дека добил политички азил во Унгарија

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски попладнево на својот Facebook профил потврди дека добил политички азил од Унгарија.

„Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресмета со политичките неистомисленици, како и покривање на неработењето на владата.

Последните одмазнички притвори на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои очигледно се притворени само за владата да ја ублажи критиката по моето заминување од земјата и барање политички азил заради политички прогон, со лажни, фабрикувани и непостоечки докази само ја потврдуваат атмосферата во која денес живее Република Македонија“, пишува Груевски во статусот на Facebook.

Груевски го обвинува премиерот Заев дека истовремено сака да ја реализира распродажбата на националните интереси, да го реализира разграбувањето на државата, да осуди стотици опозиционери и лично Груевски да го затвори и ликвидира.

Во меѓувреме и унгарските медиуми објавија дека Канцеларијата за имиграција и азил утврдила дека се исполнети законските услови за доделување на азил. Од самата канцеларија ова ниту го потврдуваат ниту го демантираат бидејќи, според тамошните закони, таквата информација можат да му ја дадат единствено на засегнатото лице, во случајот Груевски, и на Комесаријатот за бегалци на Обединетите Нации. 

 

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе