Македонија

Груевски на Фејсбук: Доаѓаат подобри времиња

23. мај 2018 - 17:43 | МИА

Скопје, 23 мај 2018 (МИА) - Поранешниот премиер и почесен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се огласи на Фејсбук по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО.

„Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга. Вие одлучувате!“, порача Груевски во објавата.

Груевски денеска беше осуден од Кривичниот суд Скопје 1 на две години затвор бидејќи извршил влијание врз другите двајца обвинети на начин што од Гордана Јанкулоска побарал МВР да купи патничко возило „мерцедес“, а Јанкулоска, пак, го поттикнала Ѓоко Поповски при купување на возилото да го фаворизира економскиот оператор „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ Скопје.

Коментирај