Груевски на распит во Судот за случајот „ТНТ“

Поранешниот премиер Никола Груевски и претседател на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ дојде на распит во Основниот суд Скопје 1 за да даде исказ пред судија на претходна постапка за случајот „ТНТ“.

Судот ги повика на распит функционерите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ кои се осомничени во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.

Од Основниот суд Скопје 1 испратија соопштение во кoе соопштуваат дека Судија на претходна постапка во текот на денот ќе постапува по предлозите на СЈО.

„Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по наведените предлози, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во судот. Имајќи предвид дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната практика на постапување по предмети во изминатиот период“, се вели во соопштението.

Од соопштението може да се заклучи дека тие треба да дојдат во Судот во текот на денешниот ден, бидејќи токму денеска ќе одлучува Судијата на претходна постапка.

Од Судот официјално не соопштуваат кога точно ќе дојдат осомничените на распит.

Специјалното јавно обвинителство бара мерки за претпазливост за поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски за случајот „ТНТ“ односно незаконското рушење на станбено деловниот простор „Космос“, кој според СЈО, бил срушен заради политичка одмазда, а е во сопственост на Фијат Цаноски.

Мерки за претпазливост се бараат и за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот „Тврдина“, односно за незаконското уништување на опремата за прислушување. За овој случај СЈО предлага притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски.

Притвор се бара и за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за случајот „Транспортер“ односно за малверзациите со училишниот превоз. 

По поништувањето на одлуката за аболиција на Претседателот Ѓорге Иванов, СЈО прдолжува со сите истраги што ги отвори, меѓу кои случајот „Пуч“, кој е веќе во Судот, случајот „Титаник“, за изборните нерегуларности, како и со случајот „Тортура“ во кој првоосомничен е поанешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

За него СЈО не предлага никакви мерки, ниту притвор, ниту мерки за претпазливост. Мерки за претпазливост се бараат за командирот на „Алфите“ Ивица Антвски Пуки кој е осомничен за нечовечко однесување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. 

Предлогот за мерки за претпазливост за Антевски и другите осомничени во овој случај Судот еднаш го отфрли, бидејќи во тој период беше на сила одлуката за аболиција за него. 

Ова решение е обжалено со што решението на судијата е укинато и вратено на повторно одлучување.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе