Груевски: Нè малтретираат по неколкупати да одиме во суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека изјавата на специјалната обвинителка Лиле Стефанова дека снимените телефонски разговори може да се менуваат и да се манипулира со нив е фрапантна.

„На судењето за патиштата имаше еден фрапантен момент каде што самата обвинителка јавно кажа дека постои можност разговорите да бидат манипулирани односно како што самата кажа дека може да се внесат детали во нив. Тоа е многу интересен детаљ што ги потврдува сомнежите што претходно беа зборувани. Да потсетам дека согласно член 12 став 2 од Законот за кривична постапка тие креирани материјали не може да бидат доказ во судска постапка“, рече Груевски.

Но под притисок на властите, додаде тој, Апелациониот суд во август донесе спротивна одлука иако самите судии се свесни дека тоа е спротивно на законот.

„И покрај тоа што тие разговори ниту јас ниту другите обвинети не ги признаваме, нашите адвокати ги побараа да ги имаат, и на сето тоа добија одговор дека не може да ги добијат затоа што ако ги добиеле, бранителите би можеле да уфрлат некои делови и со тоа да ги контаминираат. Јавниот обвинител рече дека разговорите може да се контаминираат, а тој ги има добиено од Зоран Заев кој знае колку контаминирани. Нè малтретираат да доаѓаме по судови“, рече Груевски.

Тој рече дека против него се води еден вид политички прогон за постигнување одредени политички цели.

„Станува збор за едно силно малтретирање од обвинителство кое е политичко создадено. Ни ставаат по 2 рочишта на ден за цел ден да бидеме во суд, а кога станува збор за Зоран Заев не може да почне неговото рочиште. Очигледно е дека судот е под таков притисок што кон нас постапува така за побрзо да бидеме осудени, а кон оној кој што во моментот е донесен да биде премиер, таму треба до бескрај судењето да се одложува и да заврши во негова полза“, рече Груевски.

Денеска во кривичниот суд беа одложени рочиштата за предметите „Траекторија“ и за насилството во општина Центар, во кои е обвинет Груевски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе