Груевски: Ова е класичен политички прогон

ВМРО – ДПМНЕ е нападната како никогаш досега во историјата на Република Македонија. И во цела Европа не се случило вакво политичко гонење на политичките противници. Стотина припадници на партијата се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне, изјави денеска на прес-конференција во партиското седиште лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по најавите на СЈО дека има покренато обвиненија против повеќемина членови на партијата.

„Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО го изгуби кредибилитетот и стана инструмент за политички прогон. СЈО е канцеларија на СДС – носи одлуки без никакви правни докази“, обвини Груевски. Тој смета дека таквиот политички процес треба да финишира со политичка, а не со правна разврска.

„Целта е кршење на ВМРО и политичка елиминација. Таргетот е ВМРО, сите случаи се против партијата, кршење на ВМРО за слабеење на Македонија“, рече Груевски и порача : „Нема да успеат, нема да не скршат, ние остануваме на бедемот на државата“.

Поранешниот премиер смета дека во овој процес се нападнати и обвинители, судии, членови на ДИК, како и новинари, за тоа што критички ги опсервирале состојбите.

Обвиненијата на СЈО ги оцени како преседан од невидени размери, со цел да се заплаши судството и судиите да одлучуваат во прилог на СЈО.

Груевски во својот говор им се обрати директно на граѓаните порачувајќи дека  „гревот на партијата е што цели 11 години биле на браникот на одбраната на државните интереси, што опстоиле на бројни закани за името и идентитетот на македонскиот народ, што одолеале на бројни штетни договори за нашата држава и платформи на други држави и што се бореле за унитарноста на државата“.

„Ова што се случува во Македонија го нема никаде во светот. Ова е срамен и кукавички чин. Треба да бидат свесни дека она што се обрзале да го прават пред нивните налогодавци нема да остане премолчено од нас.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нивната конструктивност како партија завршува после денешните обвиненија кои ги поднесе СЈО, .

„Ние се плашиме само од судот на историјата, сега останува само историјата за суди. А СЈО ќе биде дел од една срамна историја, што ќе го увидат сите наскоро“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски ја нападна власта и рече дека се полни со гнев и со омраза, но дека ќе дојде време кога ќе се свртат работите.

Груевски оцени дека станува збор за класична политичка и антимакедонска конструкција и дека иднината тоа ќе го докаже, како и историската одговорност која ја имаат сите оние кои јаваат на бранот на еуфоријата.

Груевски не одговараше на новинарски прашања. Тој на крајот реше дека зад него стојат 170 илјади членови поддржувачи и над 145 илјади гласачи кои што го поддржале на изборот.

реклама

Костовски: Правдата за стечајот на „Еуростандард банка“ ќе ја барам надвор од земјата

Read more

Instagram убавица: Ерјона Сулејмани

Read more

Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, #НаТочак апелира за вакви промени и во Македонија

Read more

Четири хороскопски знаци кои важат за најжешки во кревет

Read more

Македонија

Костовски: Правдата за стечајот на „Еуростандард банка“ ќе ја барам надвор од земјата

Read more

Рекорден дневен број на тестови, активни случаи се помалку од 3.000

Read more

Нови 160 случаи со COVID-19, тројца починати, 368 оздравени пациенти

Read more

Без негативен ПЦР-тест за влез во Грција само возачи на товарни моторни возила

Read more

Вести

Костовски: Правдата за стечајот на „Еуростандард банка“ ќе ја барам надвор од земјата

Читај повеќе

Рекорден дневен број на тестови, активни случаи се помалку од 3.000

Читај повеќе

Родители во Хрватска со кампања против враќање на децата на училиште во пандемија

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос на албанско-грчката граница, заглавени илјадници албански граѓани

Читај повеќе

Лукашенко: Жив сум и не сум избегал од Белорусија

Читај повеќе

Нови 160 случаи со COVID-19, тројца починати, 368 оздравени пациенти

Читај повеќе

Без негативен ПЦР-тест за влез во Грција само возачи на товарни моторни возила

Читај повеќе

Шилегов: Во Вардариште не се депонира нов отпад

Читај повеќе

Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Читај повеќе