Груевски се огласи на Facebook за новите истраги на СЈО

Скопје, 11 октомври 2018 (МИА) - Новите шест истраги на СЈО се само продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а во контекст на слабеење на позициите на партијата и нејзини поединци, како и во контекст на промената на името по неуспешниот референдум,  напиша синоќа на Facebook поранешниот премиер, Никола Груевски.

Во статусот тој поединечно образложува зошто истрагите на СЈО се неосновани.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што пишува Груевски, се обидуваше од сите земји во светот да привлече инвестиции и да создаде услови за добра бизнис клима, но најуспешна беше токму со компаниите на земјите членки ЕУ и НАТО.

- Напоменувам дека земјиштето на кое се изгради Балканскиот универзитет е продадено на јавна електронска лицитација на која можеа да конкурираат и други кандидати од областа образование и дека цената од едно евро квадрат е почетна цена која некогаш кога немаше други кандидати беше и конечна но најчесто имаше и други конкуренти и цената растеше при наддавањето, наведува Груевски.

Пред доаѓањето на ВМРО на власт, како што вели тој, имаше изобилство неизградена земја низ градовите и селата, локации полни со шут и ѓубре и 39 отсто невработени луѓе, односно само 560 илјади вработени.

- Промената на уредбата на почетната цена на земјата не ја сменил еден човек, туку е сменета со одлука на владата и важи за сите. Нашиот однос како влада кон сите инвеститори беше крајно пријателски и тоа многу помогна да ги убедиме инвеститорите да инвестираат во Македонија. Патем речено, да напоменам дека од она што јас го знам инвеститор и сопствeник на Балканскиот универзитет во Скопје се фондации и НВО кои се и хуманитарни и добротворни организации и во чии управни одбори членуваат првите луѓе на најголемите турски компании.

За жал, како што додава, денес не е така со коректниот и посветен однос кон инвеститорите и затоа ретко кога слушаме за нови инвеститори.

Во врска со истрагата поврзана со финансирање и наводно превземање на седум медиуми, Груевски вели дека владата никогаш сама, без критериум и надвор од закон не вршела распределба ниту одлучувала каде и колку средства за кампањи ќе се наменат.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ниту имало, ниту поседувало медиуми.

- Владините кампањи дадоа одлични резултати во времето кога се емитуваа или реемитуваа и ја остварија нивната примарна цел: да влијаат на свеста на граѓаните за подобрување на некои лоши состојби, лошо или штетно општо прифатено однесување и обичаи, да информираат за многу можности, услуги и можности кои ги даваа државните органи со изменетите закони и реформи во тоа време, да афирмираат позитивни вредности во општеството како на пример повисоко и поквалитетно образование и знаење, пишува Груевски.

Според него останатите четири случаи на СЈО се исто така празни и фабрикувани.

- Само човек кој не ги разбира или не сака да ги разбере можностите за доаѓање до средствата кои Македонија 20 години се обидуваше да ги добие од Руската федерација како средства од поделбата на побарувањата на поранешните републики од поранешната СФРЈ може од тој успех да креира истрага. Тука на СЈО можам да им препорачам две работи, наведува во статусот Груевски.

Обвинува дека политичкиот прогон кој се спроведува преку СДСМ продолжува и се интензивира.

- СЈО не е ниту независна, ниту неполитичка ниту непристрасна институција.  СЈО е класичен инструмент за репресија кон политичките неистомисленици и што подолго одржување на власт на СДСМ, пишува Груевски на Facebook.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе