Грушко: Русија во целост ја прекина соработката со НАТО

Москва, 15 април 2019 (МИА) – Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Русија и НАТО во целост ја прекинаа цивилната и воената соработка.

Тој додаде дека Алијансата отишла премногу далеку во ескалацијата на судирот со Русија.

- НАТО сам одби конструктивен разговор со Русија. Тој не постои. Засега нема сигнал дека НАТО гледа излез од овој ќор-сокак, посочи Грушко.

Тој наведе дека е парадоксално што денес односот помеѓу Русија и НАТО најмногу потсетува на времето во кое е формирана Северноатлантската алијанса, во пресрет на Студената војна.

– Повторно падна прашина на Армеловата доктрина: дијалог и воздржување. Само во таа формула има многу воздржување и малку дијалог, наведе Грушко.

Тој посочи дека вкупните воени расходи на земјите членки на НАТО за минатата година надминаа еден билион долари, што е за 22 пати повеќе од руските трошоци за одбрана.
Москва нема намера да учествува во трката за зголемување на воениот буџет со НАТО, истакна рускиот заменик министер.

Армеловата доктрина е од 1967 година и предвидува јака одбрана и добри дипломатски односи со земјите од Варшавскиот пакт. Таа помогна за намалување на тензиите помеѓу Истокот и Западот на почетокот на 70-тите години. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе