УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Грузија распали во второ и славеше убедлива победа среде Скопје

Филип Здравески
/ 09.06.2022 / 21:39

Добар натпревар вечерва во Скопје на кој Македонија одигра добар фудбал, но не знаеше да постигне гол. Гостите од Грузија тоа го направија трипати и заслужено ја однесоа победата.

Селекторот Благоја Милевски натпреварот го почна со истите 11 кои почнаа и против Бугарија: на голот Столе Димитриевски, во одбраната лево Езџан Алиоски, десно Стефан Ашковски, на централните бековски позиции Висар Муслиу и Дарко Велковски, во средината капитенот Енис Барди, Стефан Спировски и Елиф Елмас, лево крило Александар Трајковски, десно крило Дарко Чурлинов, а во нападот истурениот Милан Ристовски.

Remote video URL

Почетната иницијатива ја имаше Македонија, но првата шанса ја имаа гостите од Грузија во 11. минута. Велковски згреши и ја загуби топката пред нашиот гол, му ја одзема Кварацхелиа, со дриблинг го исфрли, но потоа упати многу слаб удар директно во Димитриевски.

Иницијативата продолжи, Македонија изведе три корнера пред конечно во 17. минута да дојде и првиот конкретен удар. Алиоски и Трајковски комбинираа лево, Трајковски дојде до работ на шестнаесетникот и од косо упати одличен удар кон подалечниот горен агол, но за малку непрецизно.

За грешката од 11. минута Велковски на двапати се извади кога во ја одзема топката на залетаниот Кварацхелиа во средината од првиот дел. 

Се играше 31. минута кога Давиташвили упати добар удар вон шестнаесетникот, Димитриевски одбрани, а за среќа одбиената топка не дојде до грузиски играч. Во наредната минута напад на другата страна каде Елмас имаше удар од внатре во казнениот простор, а Мамардашвили несигурно одбрани.

Нов обид имаше Елмас кога во 39. минута проигра со Ристовски за потоа да упати удар, но директно во грузискиот голман. Гостите вратија во 43. минута кога по еден корнер шутираше Зивзивадзе, но повторно директно во Димитриевски.

Вториот дел почна со два обида во првите неколку минути. Прво Барди од слободен удар од голема далечина проба, но сепак предалеку беше за да биде совладан Мамардашвили. Потоа во 50. минута по еден корнер Хочолава одлично биеше со глава за милиметри над пречката.

Домашната мрежа сепак се затресе во 52. минута. Грузијците поитаа во контра по левата страна преку Цитаишвили кој на тацна го послужи Зивзивадзе во шестнаесетникот, кому не му беше тешко да го совлада Димитриевски. Веќе во наредната минута нова шанса за гостите кога Давиташвили беше непрецизен со глава.

Македонците не се соземаа од шокот по водството на Грузија, па стигна нов гол во македонската мрежа. Најдобриот, Кварацхелиа, младата грузиска ѕвезда во 62. минута упати удар од 20-ина метри и со помош на левата статива топката заврши зад грбот на немоќниот Димитриевски. Огромна предност од 2:0 за гостите од Кавказ.

Можеше да биде и 0:3 во 68. минута, но контрата на гостите заврши со лош удар на Какабадзе. Веќе во наредната минута нова контра, Кварацхелиа излезе сам пред Димитриевски и несебично го проигра Давиташвили, но израелскиот судија го поништи голот поради офсајд, потврден и од ВАР.

Следуваше период во кој Македонија се обидуваше да дојде до шанса, но не успеваше бидејќи нападите или завршуваа со непрецизно последно проигрување, или Грузијците добро затвораа.

Се играше 84. минута кога Грузија изведе слободен удар од левата страна. Нафрли Квеквескири, топката леташе до втората статива каде со лизгачки старт нововлезениот Китеишвили заби за 0:3.

Remote video URL

Грузија покажа дека има она кое ние го немаме, а тоа е завршница. Всушност тие ѝ напукаа 5 парчиња на слабата Бугарија, таа истата со која ние едвај одигравме 1:1. Иако во играта бевме можеби и подобри, сепак победата на Грузија е апсолутно заслужена затоа што знаеја како да дадат гол не еден туку три.

Во другиот натпревар од нашата група Гибралтар и Бугарија одиграа 1:1.

Табела:
  1. Грузија 9 12:2
  2. Македонија 4 3:4
  3. Бугарија 2 4:7
  4. Гибралтар 1 1:7

Следниот натпревар на Македонија е исто така дома и тоа в недела кога од 18 часот играме со Гибралтар. За тој натпревар билетите се веќе во продажба.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе