The Guardian: Германија ги постигна климатските цели во 2020 година

Германија ги постигна своите национални климатски цели за 2020 година, при што пандемијата помогна да се постигнат најголемите намалувања на емисиите во последните три децении во најстабилната економија во Европа, објави The Guardian.

– Минатата година емисиите на стакленички гасови беа околу 41 отсто пониски отколку во 1990 година, што претставува најголем годишен пад по повеќе од три децении, рече министерката за животна средина Свенја Шулце.

Според неа, „јасно е дека пандемијата на коронавирусот го поттикна намалувањето на емисиите“.

– Сепак, катастрофите и економските кризи не можат да ја заменат здравата климатска политика и одржливото преструктуирање на нашата економија, додаде Шулце.

Годишните податоци, објавени денеска, покажуваат дека Германија испуштила 739 милиони тони стакленички гасови во 2020 година, што е намалување за 70 милиони тони во споредба со нивото од 2019 година. Има значителни намалувања во клучните области.

Откако беа прекинати летовите, а продавниците затворени додека владите се обидуваа да го спречат ширењето на коронавирусот, емисиите во секторот транспорт паднаа за 11,4 отсто, а оние во енергетскиот сектор за 14,5 отсто.

Единствениот сектор што не ги исполни своите цели во 2020 година беше секторот за домаќинства, а Шулце истакна дека луѓето поминувале повеќе време дома со греење за време на пандемијата.

Германија започна да ги исполнува своите цели од 2021 година со затворање на електроцентралата во близина на Келн, како дел од фазното исклучување на јагленот до 2038 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе