Епидемијата на корона вирус може да зафати 60% проценти од светското население доколку не се стави под контрола, смета водечкиот епидемиолог од Хонгконг.
Весникот посочува дека повеќето експерти веруваат дека една личност може да го пренесе вирусот на две други лица. Со тоа, стапката на напад би изнесувала 60-80 отсто.
Предупредувањето од епидемиологот од Хонгконг доаѓаат откако шефот на Светската здравствена организација изјави дека неодамнешните случаи на корона вирус кај пациенти кои никогаш не биле во Кина, е само мал дел од многу поголемиот проблем.
Леунг, кој е шеф на катедрата за јавно здравје на Универзитетот во Хонгконг, вели дека 60 отсто на заразени е огромна бројка. Дури и во услови на смртност од само еден отсто, бројот на смртни случаи од толкав процент на заболени би бил исклучително голем.
Леунг отпатува во Женева, на средбата на СЗО посветена на корона вирусот. Таму, повеќе од 400 експерти ќе разговараат за барање на решение за корона вирусот, од кој досега починаа над 1000 луѓе.