Пеп Гуардиола ги замолчи сите гласини во врска со неговото заминување од Манчестер Сити.
Во последно време многу се шпекулираше околу можноста Гуардиола да ја искористи клаузулата во неговиот договор со која летово можеше да го раскине договорот со Сити.
Новинарите на прес-конференцијата пред денешниот меч со Кристал Палас сакаа да потврдат дали има вистина во овие гласини, а Пеп даде јасен одговор.
„100% останувам тука. Секако, освен ако не ми дадат отказ“, рече Гуардиола.
Шпанскиот стручњак кој денес полни 49 години, има договор со „граѓаните“ до летото 2021 година.