За ручек предлагаме да направите најдобро до сега похувано бело месо полнето со варени јајца, кашкавал и шунка.

Похувањето е најпопуларниот вид на подготовка на бело месо. Најчесто се служи со помфрит и нема човек кој ќе одбие вака подготвено јадење. Доколку сте и вие љубител, тогаш пробајте го овој рецепт за похувано бело месо полнети со варени јајца, шунка и кашкавал. Вистински гурманлук кој вашето непце долго ќе го памети, а најдоброто од сѐ е што не ви треба ни прилог, но ако навистина сакате, доволна е салата.
Потребни состојки:
- 400 гр пилешко филе
- 100 гр шунка
- 100 гр пармезан
- 50 гр магдонос
- 100 гр кашкавал
- 100 гр моцарела (по избор)
- 2 јајца
- сол
- бибер
За похувањето:
- 2 јајца
- 1 лажица млеко
- 300 гр презла
- 2 лажици маслиново масло
За сосот:
- 150 гр јогурт
- 50 гр мајонез
- 30 гр сенф
- 3 чешниња лук
- 2 млади кромидчиња
- 1 виолетова главица кромид
Подготовка:
Сварете ги јајцата, а потоа излупете ги и исечете ги на четвртинки. Месото исечкајте го на тенки шницли, па покријте го со проѕирна фолија и изматете. Зачинете со сол и бибер од двете страни. Одозгора ставете ја шунката, ренданиот кашкавал, па четвртина од вареното јајце и по желба мало парче моцарела. Свиткајте, па валкајте во јајцата кои сте ги изматиле со млеко, па во презлата. Наредете ги во огноотпорен сад, па прелијте со маслиново масло. Печете на 180°C околу 40 минути. Измешајте јогурт, мајонез, сенф, толчен лук и ситно сечкан виолетов кромид и младо кромитче. Послужете со месото.