Ден на планетата Земја

Гутереш: Непромислено ги ограбуваме ресурсите на Земјата

Кајгана/МИА
/ 22.04.2021 / 10:52

По повод Денот на планетата Земја, генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутереш го повика светот да се посвети на обновувањето на планетата и воспоставувањето мир со природата.

Во видео пораката Гутереш кажа дека „планетата се наоѓа на пресвртна точка, а човештвото продолжува да го злоупотребува природниот свет“.

-Непромислено ги ограбуваме ресурсите на Земјата, го осиромашуваме нејзиниот жив свет и ги третираме воздухот, земјата и морето како депонии. Клучните екосистеми и синџири на исхрана се турнати на работ на амбис. Ние мора да ставиме крај на нашата војна против природата, рече генералниот секретар на ОН.

Гутереш додаде дека завршувањето на оваа војна повикува на „храбра климатска акција“ за да се ограничи зголемувањето на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови.

Тој додаде дека се потребни и посилни чекори за заштита на биодиверзитетот и намалување на загадувањето и отпадот.

Денот на планетата Земја се слави на 22 април. Темата оваа година е „Ајде да ја изградиме нашата земја“ и се фокусира на природните процеси, новите зелени технологии и иновативните размислувања кои можат да ги обноват светските екосистеми. 

Remote video URL
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе