Гутереш: Вакцината против COVID-19 ќе биде светско јавно добро

Женева, 4 јуни 2020 (МИА) – Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, денеска на отворањето на меѓународниот самит за собирање средства за вакцинација, изјави дека идната вакцина против новиот коронавирус мора да се смета за „светско јавно добро“ што мора да им биде достапно на сите.

Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) се надева дека на оваа виртуелна средба, која обединува повеќе од 50 земји и повеќе од 35 шефови на држави и влади, ќе собере 7,4 милијарди американски долари за продолжување на кампањите за вакцинирање против рубеола, детска парализа и тифус, кои во голема мерка се прекинати поради пандемијата на COVID-19.

На состанокот треба бидат упатени и повици за собирање средства за набавка и производство на идна вакцина против COVID-19, како и да се поддржи нејзината дистрибуција во земјите во развој.

Кога станува збор за вакцината против COVID-19, целта на Алијансата е да соберат 2 милијарди американски долари.

– Вакцината против COVID-19 мора да се смета за светско јавно добро, вакцина за сите луѓе, рече генералниот секретар на ООН во видео обраќањето на отворањето на самитот, истакнувајќи дека многу светски лидери упатиле апел во таа насока.

Тој предупреди дека многу кампањи за вакцинација се прекинати поради пандемијата на коронавирус.

Гутереш рече дека 20 милиони деца не се целосно вакцинирани, а едно од пет не е воопшто.

– Ајде да најдеме сигурни средства за да продолжиме со вакцинациите и покрај пандемијата. И кога вакцината против COVID-19 ќе биде достапна, да се погрижиме да ја направиме достапна за сите, истакна Гутереш.

реклама

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на COVID-19

Read more

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Автомобил удри и тешко повреди петгодишно дете

Read more

Српски туристи избркани од грчкиот остров Евија

Read more

Свет

Трамп првпат се појави во јавност со заштитна маска

Read more

Во Мексико повеќе од 6.000 новозаразени со коронавирус

Read more

Во Бразил повеќе од 70.000 луѓе починаа од последици од COVID-19

Read more

Трамп потврди дека САД извршиле кибер напади врз Русија

Read more

Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Читај повеќе

Потврдени 136 нови случаи, 6 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Лукаревска: Покажавме одговорност, ги вративме слободата и европскиот пат

Читај повеќе

Мисајловски од Куманово: Обнова насекаде и за сите

Читај повеќе

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри

Читај повеќе

Трамп првпат се појави во јавност со заштитна маска

Читај повеќе

Во Мексико повеќе од 6.000 новозаразени со коронавирус

Читај повеќе

Утре без струја делови од Скопје

Читај повеќе

Мицковски до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите

Читај повеќе