Гутереш: Заев и Ципрас да ја добијат Нобеловата награда за мир

Скопје, 26 февруари 2019 (МИА) – Успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО е од исклучително значење за регионот и за цела Европа, но пред се е голем успех за Обединетите нации (ОН), за Европската унија и за НАТО, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на денешната работна средба со заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

Гутереш, како што соопшти владината прес-служба, искажал поддршка годинашната Нобелова награда за мир да ја добијат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, токму поради постигнувањето на Договорот.

-Со овој историски Договор е затворено прашањето кое не само што ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Република Северна Македонија во изминатите 27 години, туку и создаваше судир помеѓу двете соседни држави. На овој начин, двајцата премиери покажаа политичка спремност да донесат политички одлуки со кои се овоможува трајна стабилност во регионот и во Европа. Нивниот личен напор и спремност за компромис за добробит на граѓаните на двете земји се најдобар пример за мудро и долгорочно визионерство, кое е одлика исклучиво на вистинските лидери, истакнал Гутереш на средбата со Жерновски во седиштето на ООН во Женева.

Од страна на двајцата соговорници беше изразена благодарност до амбасадорот Нимиц за неговите лични заложби во решавањето на спорот за името, констатирајќи дека неговата дипломатска умешност и трпеливост од речиси три децении, заслужуваат длабока почит.

Заменик – министерот Жерновски на Гутереш му ја пренесе благодарноста од нашата Влада за силната и континуирана поддршка што ОН и ја даваше на земјава за време на целиот процес на преговори за изнаоѓање решение за името што се водеа под покровителство на ОН, како и за целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа.

Воедно, на средбата се разговараше за активностите на Владата во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција. Генералниот секретар информирал и за доставените писма од негова страна до претседателот на Советот за безбедност и до претседателот на Генералното собрание на ОН, со кои ги известил за влегувањето во сила на Конечната спогодба. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе