Гутиерес: Европа не е безбедна средина за новинарите

Стразбур, 8 ноември 2019 (МИА) – Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерес на Светскиот форум за демократија во Стразбур изјави дека Европа повеќе не е рај и безбедна средина за новинарите.

– Во Европа во последните пет години се убиени 24 новинари, 13 се убиени на територија на Европската Унија, рече Гутиерес во дебатата на тема „Слобода на говорот и заштита на новинарите“.

Тој додаде дека голем број новинари во моментот се наоѓаат во затвори и дека Турција стана најголем „затвор“ за новинарите во Европа.

Според него, лошите услови довеле до зголемување на самоцензурата кај новинарите.

– Граѓаните ги доживуваат новинарите како чувари на демократијата, но овие чувари се чини дека ги загубија забите. Јас сум многу загрижен, рече Гутиерес.

Тој оцени дека новинарството не е исто како што било пред 20 или 30 години. Како што наведе, медиумите се одговорни за содржината што ја објавуваат, за разлика од новинарството на социјалните мрежи.

– Тоа е пиратско новинарство, рече Гутиерес.

Форумот под наслов „Дали демократијата е загрозена во времето на информациите“ се одржува од 6 до 8 ноември под покровителство на Советот на Европа.

На форумот присуствуваат претставници на медиумите, активисти и политички лидери од целиот свет.

Светскиот форум за демократија во Стразбур е единствена платформа за носителите на одлуки и активисти кои имаат можност да разговараат за клучните предизвици за демократиите ширум светот. Ова е осми по ред форум. 

реклама

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Read more

Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром

Read more

20-годишно момче загина во несреќа на Галичица

Read more

Емоционално интелигентните луѓе никогаш нема да ги кажат овие реченици

Read more

Свет

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Асанж го анализирал самоубиството на генералот Праљак

Read more

Ким се извини за убиството на јужнокорејскиот службеник

Read more

Додека закрепнуваше во Берлин, во Русија сè му запленија

Read more

Вести

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

Читај повеќе

Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Читај повеќе

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Читај повеќе

20-годишно момче загина во несреќа на Галичица

Читај повеќе

Нови 143 случаи, 9 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

Читај повеќе

Руските банки рекордно вложуваат во злато

Читај повеќе

МНТ ги рефундира билетите за откажаните претстави поради пандемијата

Читај повеќе