Гвардиола: Меси и Роналдо се феномени

Додека Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги „решетаат“ противничките мрежи, тренерот на Манчестер Сити гледа и се воодушевува. Пеп Гвардиола вели дека фудбалскиот свет треба да е благодарен поради присуството на двајца играчи од нивниот калибар и секој треба да ужива гледајќи ги додека уште може.

Во текот на изминатите 10 години, Роналдо и Меси постојано се во окото на јавноста поради игрите кои ги прикажуваат на теренот, а тие и понатаму не застануваат иако се сериозно навлезени во четвртата деценија од животот.

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја имаше честа да работи со многу фудбалери во текот на неговата кариера, но како посебен го издвојува Лионел Меси, за кого и понатаму тврди дека е најдобриот фудбалер кој го има видено на фудбалските терени. Тој беше дел од панелот на тренери на настанот Festival dello Sport, кој викендов се одржа во Тренто, Италија.

„Лео е многу компетитивен, тој е нескротливо животно. Но неговиот однос према фудбалот им помага и на останатите играчи да го добијат истиот компетитивен нагон. Тој мрази да губи и во големите натпревари токму тој ја прави разликата, ако тимот знае како да му помогне“, рече Гвардиола.

Најголем ривал за Меси во изминатата деценија, па и денес, претставува Кристијано Роналдо. Иако ја промени лигата во текот на летото, Роналдо продолжува со одличните игри и постигнува голови на секој чекор, а Гвардиола не пропушти да го посочи тоа.

„Живееме во ера во која доминираат Кристијано и Меси, двајца феномени. Веќе 10 години тие даваат по 50 голови по сезона, тоа е неверојатно. Не се работи за една година во која постигнале 50 голови, туку секоја наредна година се случува истото“, додаде Гвардиола.

Како што стојат работите, оваа сезона веројатно ќе бидеме сведоци на прекинување на низата од 10 Златни топки освоени од страна на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Фаворит за престижната награда оваа година е Лука Модриќ, кој успеа да ја однесе Хрватска до финалето на Светското првенство кое се играше летово.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе