Гвардиола: Уште во септември знаев дека титулата е наша

Манчестер Сити е новиот шампион на Англија, откако викендов тие триумфираа против Тотенхем, а Манчестер Јунајтед загуби во мечот против Вест Бромвич Албион. Самоуверено како и секогаш, Гвардиола изјави дека знаел дека Сити ќе биде шампион уште на почетокот на сезоната.

Минатата сезона беше разочарувачка за навивачите на Манчестер Сити, бидејќи едвај се пласираа на место кое носи во Лигата на шампионите, а во тоа натпреварување не беа посебно успешни.

Оваа година приказната беше сосем различна. Тимот на Манчестер Сити тргна доминантно во сезоната, а така и продолжи додека не ја обезбеди титулата. Тренерот на овој тим, Пеп Гвардиола, вели дека бил сигурен дека ќе ја освои Премиер лигата веднаш по завршувањето на мечот против Челзи на Стемфорд Бриџ, во кој Манчестер Сити ја однесе победата од 1:0.

„Победата на Стемфорд Бриџ ни ја даде потребната самодоверба и сите се охрабривме, бидејќи минатата сезона не игравме добро против најдобрите екипи од лигата. Бевме многу стабилни во тој натпревар. Серхио Агуеро е генијален играч кој има 30 години, а останатите играчи од екипата беа далеку помлади. Кога успеавме да го победиме актуелниот шампион со толку млада екипа, знаев дека на крајот ќе бидеме шампиони“, изјави Гвардиола.

Одличната игра на играчите на Манчестер Сити им обезбеди серија од 18 победи по ред, и титула која беше освоена на 5 натпревари пред крајот на сезоната.

„Сега мораме да размислуваме на следната сезона, мора да размислуваме како можеме да се подобриме. Мора да пробаме да имаме постојана форма и да го надградуваме клубот. Но, мислам дека на крајот сѐ ќе биде добро“, додаде Гвардиола.

Манчестер Сити го освои вториот трофеј сезонава, откако претходно во јануари триумфираше и во Карабао купот. Што се однесува до Лигата на шампионите, тие потфрлија и беа исфрлени од четвртфиналето од Мохамед Салах и тимот на Ливерпул.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе