Актерката Гвинет Палтроу во интервју за The Sunday Times откри дека со сопругот Бред Фалчук заедно живеат само четири дена во неделата.
„Сите мои пријатели кои се во брак велат дека начинот на кој ние живееме звучи идеално и дека не смееме ништо да смениме“, рече Палтроу.
Таа објаснува дека Фалчук престојува и спие во нејзината куќа четири дена, а останатите три ги поминува во својата куќа.
Оваа навика ја вовеле бидејќи сметаат дека со повремено одвоено спиење ќе си го олеснат постепеното прифаќање на новите семејни ситуации и доаѓањето и заминувањето на децата.
Ваквото одвоено спиење исто така ја одржува свежината во врската, тврди таа.
Палтроу (46) се омажи за Фалчук (47) во септември, 2018 година по разводот од рок музичарот Крис Мартин од Колдплеј со кој беше во брак 11 години.
Палтроу и Мартин имаат две деца – 14-годишната ќерка Епл и 12-годишниот син Моузес, а Фалчук има две деца со поранешната сопруга Сузен.