Останати спортови

Хабиб до првиот човек на УФЦ: За среќа ми го даде појасот, знам каде паркираш

10. октомври 2018 - 16:01 | М.Д.

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, испрати исклучително интересна порака до првиот човек на елитната ММА организација Дејна Вајт.

Имено, Хабиб на својот Instagram профил објави фотографија на која покрај црно BMW, позира со шампионскиот појас.

Покрај самата порака, посебно е интересен и фактот дека автомобилот му припаѓа токму на Вајт.

„За среќа ми го даде појасот, инаку ќе ти го уништев автомобилот. Знам каде паркираш“, напиша шеговито Хабиб.

Нурмагомедов очигледно не мирува додека ја чека одлуката за казната која му следува поради инцидентот кој се случи по победата над Конор Мекгрегор.

Уште не е познато какви санкции го очекуваат Хабиб, бидејќи се споменува суспензија од неколку месеци и парична казна од 250.000 до неколку милиони долари.

Коментирај