Живот

Hadrian, роботот што може да изгради куќа за два дена

30. јуни 2015 - 16:47 | Б.С.Б.

Роботите стануваат сè попаметни, поевтини и поупотребливи. Така, инженери од Перт, Австралија изградија машина што може да изгради куќа за 2 дена, односно може да работи 20 пати побрзо од луѓето.

Компанијата Fastbrick Robotics се надева дека наскоро ќе ја претстави новата машина наречена Hadrian која ќе може да изведува градежни работи без интервенција на луѓе. За овој проект компанијата досега вложила повеќе од 7 милиони долари.

Роботот може да нареди 1.000 цигли за еден час, а се разбира дека нема потреба за спиење, јадење или пауза, што е уште една предност. За изградба на стандардна куќа се потребни околу 15.000 цигли, што значи дека основата на една куќа може да биде изградена за два дена, пишува Mashable.

Идната година Fastbrick Roboticks се подготвува да ја претстави комерцијалната верзија на Hadrian, роботот името го добил по императорот Адријан.

Коментирај