Мобилни

Хакери тврдат дека може да ја „провалат“ опцијата Face ID на iPhone X

13. ноември 2017 - 17:47 | А.С.

Face ID  им овозможува на корисниците на iPhone X да си го отклучат телефонот со поглед во екранот. Имајќи предвид дека оваа револуционерна оција наиде на многу критики и е тема на исмевање, многумина постојано бараат начин да ја „провалат“.

Хакери од Виетнам тврдат дека направиле маска со која може да ја измамат опцијата Face ID, а изработката на маската ги чинело само 150 долари.

Според нив, користеле маска што е комбинација од 3D печат, дводимензионална фотографија и шминка.

„По 10 години развивање, отклучувањето со помош на лицето уште не е доволно добро обезбедување на компјутерите и смартфоните“, велат тие.

Тоа значи дека целиот свет ќе мора да почека за технологија што ужива ниво на доверба како Touch ID.

Во 2016 година ФБИ бараше помош од хакери на кои им плати над 1 милион долари за да го отклучат телефонот на терористот од Сан Бернандино што беше заклучен со отпечаток од прст.

Коментирај