Ф1

Хамилтон и Ботас го претставија новиот болид на Mercedes

22. февруари 2018 - 16:01 | К.З.

Mercedes денеска го претстави новиот болид W09 во пресрет на новата сезона во Формула 1 натпреварувањето. На промоцијата присуствуваше светскиот шампион Луис Хамилтон.

Минатогодишниот шампион Луис Хамилтон и неговиот колега од тимот на Mercedes, Валтери Ботас, беа помеѓу екипата која го претставуваше новиот болид на F1 тимот.

Тимот на Mercedes лани беше освојувач на шампионскиот трофеј во конкуренцијата на конструктори, а покрај тоа, се закити и со најголемиот трофеј за апсолутен победник во натпреварувањето, благодарение на одлично извозената сезона на Луис Хамилтон.

Mercedes го претстави новиот болид на патеката во Силверстоун, а од тимот на Mercedes соопштија дека на него работеле повеќе од 1.500 луѓе.

Најголемиот конкурент на Mercedes за наредната сезона, Ferrari, ќе го претстави својот болид подоцна во денот.

Коментирај