Ф1

Хамилтон по победата во Монако: Ова беше за тебе Ники!

27. мај 2019 - 9:00 | МИА/КАЈГАНА

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е победник на трката од шампионатот во Формула 1 што се возеше вчера за „Големата награда на Монако“.

За Британецот ова е четврата победа во тековната сезона и вкупно 77 во кариерата.

Второто место го освои Себастијан Фетел од Ферари, додека трет бешен Валтери Ботас од Мерцедес.

Макс Вестерпен иако трката ја заврши на втората позиција, поради казна од 5 секунди за несигурен излез од пит-стоп падна на четвртото место.

Во последните кругови, Верстапен се обиде да го нападне Хамилтон, дојде до контакт меѓу болидите, но Британецот го одби нападот и ја зачува лидерската позиција.

Хамилтон ја посвети победата на легендарниот Ф1 возач Ники Лауда кој почина минатата недела.

„Ова беше за тебе, Ники. Твојот борбен дух беше со мене во секој чекор. Знам дека ме гледаш од горе и дека ни симнуваш капа на сите нас. Ми недостигаш, на сите навистина ни недостигаш и се надевам дека те направив горд денес, легендо“, напиша Хамилтон на Twitter.

Коментирај