Серијата The Handmaid’s Tale беше голем фаворит на годинешното доделување на Еми наградите. Освои 21 номинација, но изгуби во сите категории.
Меѓу останатото, беше номинирана за награда за главна актерка во драмска серија, најдобра драмска серија, како и за споредна улога во драмска серија.
Со тоа, оваа серија постави нов рекорд за најмногу неосвоени награди, со што ја надмина серијата Mad Men која во 2012 година имаше 17 номинации, но не освои награда.
Претходно, серијата The Handmaid’s Tale имаше доста среќа. Пред четири години освои награда за најдобра драмска серија. По првата сезона доби голем број пофалби, но по втората сезона почнаа полоши критики.