Кошарка

Харден и Јанис го предводат Тимот на годината во НБА лигата

23. мај 2019 - 20:45 | К.З.

Денеска беа објавени најдобрите петорки за оваа сезона во НБА лигата, а помеѓу нив се најдоа многу препознатливи лица. За првпат по многу години, Леброн Џејмс не најде место меѓу првата, ниту втората најдобра петорка во лигата.

Втора година по ред, Јанис Антетокунмпо најде место во првата петорка во НБА, што му дава можност наредната година да го потпише најголемиот договор во историјата на лигата.

Помеѓу најдобрата петорка во лигата нема ниту едно изненадување. Предводници се Џејмс Харден и Јанис Антетокунмпо, а покрај нив таму се и Стеф Кари, Пол Џорџ и српскиот интернационалец Никола Јокиќ.

Сосем очекувана е поставата и на втората најдобра петорка во НБА лигата, во која се најдоа Кајри Ирвинг, Демијан Лилард, Кавај Ленард, Кевин Дурент и Џоел Ембид.

За да дојдете до името на Леброн Џејмс, ќе треба да ја проверите третата најдобра петорка од НБА лигата. Таму, освен него, се најдоа и Расел Вестбрук, Кемба Вокер, Блејк Грифин и Руди Гобер.

Коментирај