Живот

Хари и Меган го реновираа домот, сметката од 2,4 милиони фунти ќе ја плати народот

25. јуни 2019 - 17:50 | А.С.

Војводата и војвотката од Сасекс го реновираа Фрогмор Котиџ во Виндзор и имотот од пет градби сега е претворен во еден дом со 10 спални соби.

Ова реновирање ќе ги чини даночните обврзници на Велика Британија 2,4 милиони фунти. Кралската двојка се пресели таму од Кенсингтонската палата во април, пред раѓањето на бебето, Арчи Харисон.

Принцот Хари и Меган Маркл го добија имотот како свадбен подарок од кралицата Елизабета Втора.

Суверениот грант за Кралицата од Државната благајна за 2018-19 изнесува 82 милиони фунти, од кои 33 милиони се одвоени за одржување, вклучувајќи го големото реновирање на Бакингемската палата.

Во реновирањето на Фрогмор Котиџ беа сменети дрвените тавански греди, старите дрвени подови, системот за греење, електричната инсталација и други поголеми зафати.

Хари и Меган веќе потрошија 4 милиони фунти на пренаменување на канцелариски простор во станбен во Кенсингтонската палата, пред да се вселат таму откако се венчаа.

Коментирај