Живот

Хари и Меган поканети на фестивал за готвење тестиси во Србија

23. мај 2018 - 19:55 | А.С.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл го одложија заминувањето на меден месец поради вчерашната прослава по повод 70-тиот роденден на принцот Чарлс.

Додека светските медиуми шпекулираат дека дестинација за војводата и војвотката од Сасекс ќе биде Боцвана, младиот кралски пар доби покана за еден поинаков меден месец.

Организаторите гастрономско-туристичката манифестација Муд(р)олијада, светскиот шампионат за готвење тестиси во Липовац, официјално ги поканија Хари Меган да го поминат медениот месец во Србија

„Ги покануваме принцот Хари и Меган Маркл да поминат луд меден месец во Србија на Светскиот шампионат во готвење тестиси и да уживаат во нашите специјалитети. Нашите специјалитети гарантираат продолжување на кралската лоза и богат сексуален живот“, стои во објавата на организаторите на фестивалот.

Којзнае, можеби кралската двојка ќе се откаже од сафари во Боцвана и ќе одговори на оваа покана.

Коментирај