Хари Кејн го намачи Јувентус и постави нов импресивен рекорд во ЛШ
Англиските тимови вчера направија голем чекор кон четвртфиналето од ЛШ, откако Манчестер Сити го совлада Базел со 4:0, а Тотенхем ремизираше 2:2 на гости кај Јувентус. Ѕвезда на вечерта беше Хари Кејн, кој оваа сезона е жива напаст за противничките голмани.
Најдобриот стрелец во Премиер лигата, Хари Кејн, понуди уште еден спектакуларен натпревар и постигна гол во 35 минута, со кој ги мотивираше играчите на Тотенхем да се вратат по дефицитот од 2:0.
Подоцна во натпреварот Кристијан Ериксен додаде уште еден гол за Тотенхем да си отиде од Торино непоразен и со одличен резултат во очи на реваншот кој ќе се одигра на Вембли.
„Можевме да ги наведнеме главите и да потклекнеме откако примивме рани два гола на гости во Лигата на шампионите, во една ваква вечер која почна така лошо. Сепак, го покажавме срцето и карактерот на оваа екипа. Во остатокот од натпреварот одигравме одлично и го надминавме шокот кој се случи во првите 10 минути“, рече Хари Кејн по натпреварот.
9 - Harry Kane has scored more goals in his first nine Champions League appearances (9) than any player in the history of the competition, ahead of Ronaldinho, Simone Inzaghi, Didier Drogba & Diego Costa (8). Greatest. #JUVTOT #UCL pic.twitter.com/b7RCpdRrwn
— OptaJoe (@OptaJoe) February 13, 2018
Сјајниот напаѓач синоќа постави уште еден рекорд во елитното натпреварување. Имено, Кејн стана првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал 9 голови во неговите први 9 натпревари.
Коментирај