Филм & ТВ
ВО КИНАТА ОД 20 ФЕВРУАРИ

Харисон Форд во емотивната приказна „Повикот на дивината“

20. февруари 2020 - 18:02 | Кајгана

Целиот живот го поминува со кучиња, ја разбира нивната природа и начин на живот, за што за авторската екипа на најновото остварување „Повикот на Дивината“ (The Call of the Wild) станува прв избор за главниот протагонист на филмот.

Славниот холивудски актер Харисон Форд е во главната улога на најновата екранизација на истоимениот класик на Џек Лондон, во која главен партнер му е кучето Бак.

Приказната која е актуелна и по 100 години од нејзиното создавање, во режија на Крис Сандерс (How to Train Your Dragon) користи врвни визуелни ефекти и технологија на анимација со чија помош животните во филмот изгледаат сосема реално.

Приказната за Бак, кучето кое е оттргнато од својот дом и препуштен на непознатото, според авторите на филмот е приказна за пронаоѓање на подобра и посилна верзија од нас самите.

Бак, кучето со големо срце чиј скоро совршен живот целосно се менува. Наеднаш го селат од својот дом во Калифорнија и го носат во во егзотичната дивина на Алјаска во време на Златната треска на крајот на 19. век. Како новајлија е вклучен во екипа кучиња кои влечат санка за доставување на пошта, потоа тој станува лидер на тимот. Бак има животна авантура и конечно го пронаоѓа својот мир кога станува сам свој газда.

Покрај Харисон Форд, во останатите улоги ќе ги гледаме Карен Гилан, Бредли Витфорк и популарниот француски актер Омар Си.

„Повикот на Дивината“ се наоѓа на редовниот репертоар на кината: Синеплекс, Градско Кино Милениум Скопје, 3Д Кино Битола и Киноверзум во Свети Николе.

Коментирај