Кошарка

Харт: Никогаш не фатиле топка, ќе ми кажуваат како се игра кошарка

23. мај 2019 - 16:29 | А.С.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Џош Харт упати остри критики до НБА аналитичарите во неговото гостување на подкастот „No Chill“ каде домаќин е поранешната НБА ѕвезда Гилберт Аринас.

„Има луѓе кои никогаш во животот не играле кошарка, а јадат го*на. Никогаш не фатиле топка, ќе ми кажуваат како се игра кошарка. Ние цел живот тренираме, ние сме професионалци, се убиваме на тренинзи, гинеме на терен и после доаѓа некој тип од 45 години кој никогаш не играл кошарка, нема ништо спортско во себе и тој треба да ми каже како да играм кошарка?“, вели Харт во подкастот.

Џош Харт е производ на Универзитетот Виланова каде имаше прилика да учи од еден од најдобрите тренери во колеџ кошарката Џеј Рајт, а Јута Џез го избраа како 30-ти пик во првата рунда во 2017 година.

Коментирај