Фудбал

Хасани се повреди, нема да патува во Словенија

22. март 2019 - 14:12 | МИА

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани поради повредата која ја доби на синоќешниот натпревар против Латвија, нема да биде во составот на нашата репрезентација за пресметката против Словенија.

Фудбалерот од средниот ред има скинато мускулно влакно и поради тоа не е во можност да настапи на мечот во Љубљана.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски нема да повика друг фудбалер на местото на Хасани.

Натпреварот од второт коло од квалификаците за ЕП 2020 меѓу Словенија и Македонија се игра на 24 март (недела) на стадионот „Стожице“ во Љубљана.

Коментирај