Авторот Џорџ Р.Р. Мартин веќе работи на проект кој опишува настани околу 300 години пред она што се случува во серијата.
Според Deadline, со Мартин на проектот работи Рајан Кондал кој претходно беше дел од „Colony“. Наводно сценариото се базира на книгата „Fire & Blood“ на Мартин.
Од HBO не сакаа да коментираат околу новиот проект. Осмата сезона на „Game of Thrones“ заврши во мај со падот на Куќата на Таргарјен, една од главните фамилии во серијата.
HBO моментално работи на продолжение „Blоod Moon“ кое е исто така претходница на настаните во серијата и тоа илјадници години наназад.