Филм & ТВ

Хедер Локлир „слета“ со поршето во канал

15. септември 2017 - 10:28 | А.С.

Познатата актерка Хедер Локлир заврши во болница откако синоќа предизвикала сообраќајна незгода во Таузенд Оукс, Калифорнија.

Актерката која се прослави со улогите во популарните ТВ-серии во 80-тите и 90-тите како „Dynasty“ и „Melrose Place“, „слетала“ со нејзиното порше во канал во близина на нејзиниот дом.

Според полициски извори, била пренесена во болница со помали повреди и не се најдени траги на алкохол или дрога во нејзината крв.

Актерката претходно неколку пати била приведувана за злоупотреба на психотропни супстанци и за возење под дејство на алкохол.

Коментирај