Филм & ТВ

Хелен Мирен: Би сакала да го глумам Доналд Трамп, каков фасцинантен лик!

14. ноември 2017 - 19:17 | А.С.

Британската оскаровка Хелен Мирен во нејзиното обраќање пред Школата за филм и телевизија при Универзитетот Лојола Меримонт во Лос Анџелес, изјави дека многу би сакала да го глуми американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека би била многу комична како Трамп. Еве, имаме речиси иста фризура. Каков фасцинантен лик и неверојатен карактер! Тој е всушност вистински лик, а вистинскиот живот е многу позабавен од сѐ што можеме да замислиме. Би рекла дека има некоја шекспировска црта. Тој е всушност исклучителен шекспировски лик, а можеби и ќе заврши со пад во стилот на Шекспир... не знам, но во секој случај е посебен лик“, рече Мирен.

Таа додаде дека ѝ се чини дека не би било премногу тешко да се проникне во неговата психа.

„Не знам многу за него, но кога би го глумела најпрво би го проучила неговото образование, семејството, мајката, таткото... односно каков бил како дете, бидејќи тоа дете уште е присутно во него“, додава актерката.

Трамп со децении, уште пред да стане претседател на САД, бил предмет на имитација на многу актери и шоумени, како Алек Болдвин, Џими Фелон, Џони Деп, како и уште една оскаровка, Мерил Стрип.

Коментирај