Фудбал

Хендерсон е најлошиот капитен во историјата на Ливерпул

22. ноември 2017 - 13:37 | М.Д.

Навивачите на Ливерпул се незадоволни од играта на својот тим на натпреварот против Севиља, а за главен виновник го сметаат капитенот Џордан Хендерсон.

Англискиот тим имаше голема предност од 3:0 на гостувањето во натпреварот од петтото коло од Лигата на шампионите, но избраниците на Јирген Клоп на крај испуштија победа и освоија само бод.

На мета на навивачите се најде Хендерсон, кој го карактеризираа како најлош капитен во историјата на славниот англиски клуб.

Хендерсон во вчерашниот натпревар имаше само 55 точни додавања, што значи дека речиси секое второ додавање му беше погрешно. Навистина очајна статистика за еден играч од средината на теренот.

Интересен е и фактот дека тој имаше помалку допири со топката од голманот на Ливерпул, а од полувреме до 63 минута, кога започна враќањето на Севиља, имаше само два контакти со топката.

Во текот на 90 минути не успеа да и одземе ниту една топка на противниците, направи шест фаули и заработи жолт картон.

Разочараните навивачи после натпреварот ја критикуваа играта на Хендерсон, како и Јирген Клоп на сметка на капитенот на клубот од Мерсисајд.

Коментирај