Heritage: Северна Македонија со пад на индексот за економски слободи

Вашингтон, 10 јуни 2020 (МИА) – Северна Македонија е рангирана на 41. место во светот на листата на Глобалните економски слободи во 2020 година изработена од Heritage Foundation со седиште во Вашингтон.

Според класификацијата изработена врз основа на 12 критериуми, земјава има коефициент од 69,5 индексни поени што ја рангира на 41. место меѓу 180 земји во светот и на 23. позиција меѓу европските држави.

Во однос на претходниот извештај земјава бележи пад на индексот за 1,6 поени, но и натаму е во рангот над просекот на државите од регионот и далеку над просечните показатели во светски рамки.

Северна Македонија има добиени високи индекси во категориите „даночно оптоварување“ (91,5), „фискална кондиција“ (87,7), „трговски слободи“ (86,2), „слобода за деловно работење“ (81,6) и „монетарни слободи“ (77,7). Индекси од над 60 поени земјава има и во категориите „владини трошоци“ (71,0), „слобода на пазарот на трудот“ (67,0), „инвестициски слободи“ (65,0), „сопственички права“ (62,5) и „финансиски слободи“ (60,0). Единствено пониски индекси земјава бележи во категориите „судска ефикасност“ (42,7) и „владин интегритет“ (42,2).

Фондацијата посочува дека со ваквиот ранкинг земјава е класифицирана во категоријата на „умерено слободни“ економии (индекс од 60 до 70), иако нејзиниот БДП умерено расте во последните пет години. Во претходните три години земјава беше во категоријата „претежно слободни“ економии, за што е потребен индекс од најмалку 70 поени или само 0,5 индексни поени повеќе од нашиот, а падот според Heritage се должи на намалување на индексите во категориите „сопственички права“, „судска ефикасност“ и „владин интегритет“.

Од земјите во регионот од нас подобро рангирани се само Бугарија (36. место со индекс 70,2) и Романија (38. место со индекс 69,7). Словенија е 52. со индекс 67,8, Косово 53. (67,4), Албанија 57. (66,9), Србија 65. (66,0), Турција 71. (64,4), Босна и Херцеговина 82. (62,6), Хрватска 84. (62,2), Црна Гора 91. (61,5) и Грција на 100. место со индекс од 59,9, што ја прави единствена држава од регионот во категоријата „претежно неслободни“ економии (индекс од 50 до 60).

Послабо рангирани од нас се и држави како Малта, Полска, Белгија, Португалија, Шпанија, Словачка, Франција и Италија.

На самиот врв на листата се Сингапур, Хонг Конг, Нов Зеланд, Швајцарија, Австралија и Ирска, кои се шесте единствени држави или територии во категоријата „слободни“ економи (индекс над 80), а топ 10 листата како „претежно слободни“ економии (индекс од 70 до 80) ја надополнуваат Велика Британија, Данска, Канада и Естонија. На самото дно како „репресивни“ економии (индекс под 50) се Република Конго, Еритреја, Куба, Венецуела и Северна Кореја.

Како забелешки за земјава Heritage ги посочува ограничената судска независност, политизацијата на Судскиот совет и несоодветното финансирање на судството, а како сериозен проблем ја наведува и корупцијата и неказнивоста за коруптивни дела.

– Во однос на владините трошци, земјата многу троши за финансирање на јавни инфраструктурни проекти и поддршка на социјалните програми. Покрај тоа, потребно е посилно спроведување на антикорупциските норми со цел да се поттикнат странските директни инвестиции во индустриите ориентирани кон извоз, оценува Heritage Foundation.

Фондацијата посочува дека трошоците за добивањето на дозволи за градба во земјава се намалени поради пониските давачи за земјиштето, но нагласува и дека пазарот на трудот се соочува со недостиг на стручни кадри за некои грамнки.

– Бирократијата го ограничува динамичниот раст на новите инвестиции и покрај реформите во сферата на инвестиции. Финансискиот сектор е зајакнат во последниве години, а влијанието на владата е ограничено главно на донесување на грижливо осмислени и ефикасни регулативи, заклучува Heritage Foundation.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе