Фудбал

Херој на неделата: Фудбалер му го спаси животот на голман

11. октомври 2018 - 12:25 | А.С.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон Себастијан Коатес секогаш ќе го памети неговиот 28-ми роденден. Не поради постигнатиот гол на тој ден, туку по тоа дека му го спаси животот на соиграчот Ромен Сален.

Спортинг Лисабон во седмото коло од португалската лига гостуваше кај Портимоненсе и во 44-тата минута, при водство на домаќините од 1:0, голманот Сален во обид да одбрани удар на голот ја удри главата од стативата на голот и се онесвести на теренот.

Додека сите погледи беа вперени во фудбалерот кој го постигна голот, само еден играч забележа дека Сален лежи неподвижно покрај голот.

Неговиот соиграч Коатес, стопер на Спортинг и репрезентацијата на Уругвај, веднаш дотрча и со рака му го изваде јазикот од уста и спречи задушување на голманот. Ваквата брза рекција на Коатес му го спаси животот на Французинот Сален кој беше префрлен во болница.

До крајот на мечот Коатес успеа да постигне и гол, иако неговиот тим изгуби со 4:2.

Коментирај