Фудбал

Херојот на Динамо доби 9/10 оцена од угледниот L'Equipe

19. септември 2019 - 18:44 | А.С.

На самиот старт на сезоната, Динамо неочекувано лесно триумфираше над дебитантот Аталанта синоќа на „Максимир“, каде Мислав Оршиќ имаше хет-трик удел во крајниот резултат од 4:0.

Оршиќ (26) имаше ЛШ деби за историја и стана првиот играч на Динамо кој постигнал хет-трик во натпревар од групната фаза на ЛШ и тоа за само 37 минути.

 

 

L'Equipe, најугледниот спортски весник на светот, го оцени настапот на Оршиќ со 9, што е вистинска реткост.

Не само што ретко се добива оцена 9 од 10, ами тешко е воопшто да се дојде на листата на оценување што се состои од најдобрите играчи во колото.

Коментирај