Авто новости

Хибрид со 965 коњски сили: Puritalia Berlinetta

17. февруари 2019 - 14:46 | А.С.

Саемот на автомобили во Женева се чини дека е претплатен на ексклузивни премиери.

На настанот што треба да се одржи во почетокот на март ќе видиме нови суперавтомобили, меѓу кои и најновиот модел на компанијата Puritalia Automobili.

Италијанската компанија која последен пат го привлече вниманието на светската јавност пред седум години со роудстерот 427, се враќа на сцената со моделот Berlinetta.

Од Puritalijа планираат да произведат само 150 примероци од рачно изработениот автомобил што има совршен сооднос на тежината меѓу двете осовини од 50:50.

Berlinettа има V8 агрегат сместен зад задната осовина, кој со помош на електромотори развива моќност од 965 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.248 Nm.

Автомобилот има алгоритам на автоматско учење што користи вештачка интелигенција базирана на „клауд“ (cloud) систем.

Компанијата тврди дека сопствениците ќе може да управуваат со повеќето функции на автомобилот преку смартфон, а при нарачување на возилото ќе може да ги достават до нив точните спецификации кои ги сакаат.

Останатите детали Puritalijа ги остава за прес-конференцијата закажана за 5 март, кога ќе биде отворен Саемот во Женева.

Коментирај