Фит

HIIT тренинг: Топи килограми и го забавува стареењето

1. јуни 2019 - 9:35 | А.С.

HIIT тренинг е систем на вежби со висок интензитет. Овој метод на вежбање е популарен меѓу луѓето кои сакаар брзо да го стопат вишокот килограми, но овие вежби исто така помагаат да го забавите процесот на стареење.

Филозофијата на овој систем е да ги правите вежбите брзо со кратки интервали на пауза, па со тој интензитет согорувате повеќе калории во помалку време, споредено со традиционалните вежби.

HIIT тренингот ги поттикнува работата на метаболизмот, топењето на мастите и градењето мускули, а научниците од клиниката Мејо тврдат дека може и да го забават стареењето. Тие ги објавиле резултатите од нивното истражување во списанието Cell Metabolism.

Коментирај