Останати спортови

Хиршер стана светски првак во слалом

19. февруари 2017 - 14:50 |

Австриецот Марсел Хиршер го освои вториот златен медал на Светското првенство кое денеска заврши во Сент Мориц. Хиршер победи на трката во слалом.

Марсел Хиршер Мундијалот во Сент Мориц го заврши со два златни медали, во супервелеслалом и слалом и едно сребро во екипна конференција.

Вкупно од Светските првенства Австриецот има шест златни медали.

Хиршер, во омилената дисциплина, беше најбрз во двете трки и со време 1:34.75 минути го освои златниот медал. Хиршер за 68 стотинки беше побрз од сонародникот Мануел Фелер, кој го оствари најголемиот успех во кариерата.

Третото место и бронзениот медал му припадна на Германецот Феликс Нојројтер, кој во целта имаше време 1:35.68 минути.

Потфрли во слаломот Норвежанецот Хенрик Кристоферсон, тој за една секунда и четири стотинки имаше послабо време од победникот.

Слаломот во Сент Мориц беше последната трка во кариерата за легендарниот хрватски скијач Ивица Костелиќ.

Македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски остана без пласман. 

Коментирај