Свет

Хирург во Франција обвинет за педофилија, 250 потенцијални жртви

18. ноември 2019 - 17:28 | МИА/КАЈГАНА

Идентификувани се 250 потенцијални жртви во случајот против поранешниот хирург, а поднесени се 184 кривични пријави.

Мнозинството потенцијални жртви на поранешниот хирург се од регионот на Бретања, обвинителството од Ла Рошел се иззеде од предметот случајот во корист на тоа од Лориен, откако се откриени 250 потенцијални жртви.

Идентификувани се 250 потенцијални жртви на незастарени дела на д-р Ле Скурнек (66), поранешен хирург обвинет за силување и сексуални напади, соопшти денеска обвинителството од Ла Рошел.

Во почетокот на октомври беше оторена прелиминарна истрага за да се идентификуваат можните жртви, откако беше најдена тетратка во домот на лекарот во 2017 година, во која биле евидентирани имиња на потенцијални жртви и во која тој ги опишувал сексуалните дејства кои ги имал со нив додека децата биле под дејство на анестезија.

Од овие 250 потенцијални жртви, 209 биле сослушани, неколку од нив „пријавиле конкретни дела“. 184 сакале да поднесат тужба (181 биле малолетни лица за време на делата), од кои 138 во моментов с во надлежност на Апелациониот суд од Рен, вклучувајќи 100 во Морбијан.

Коментирај