Hladno pivo со настап во МКЦ на 9 октомври

Хрватскиот панк-рок бенд „Hladno pivo“ в недела на 9 октомври ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

По овој концерт, од бендот најавуваат подолга концертна пауза.

Како што соопштија, фронтменот Миле Кекин во следните години ќе се посвети на соло-кариерата, додека останатите членови од групата, Младен Субошиќ-Суба, Зоран Субошиќ-Зоки, Милко Киш-Деда и Крешимир Шокец-Шоки, ќе продолжат заедно да работат преку проектот Guerilla mainstream.

Концертот на „Hladno pivo“ е воедно дел и од низата настапи на актуелната турнеја насловена „35 za 35“, со која групата обележува три и пол децении постоење.

Нивниот последен концерт во Скопје беше пред пет години.

– По распродадените два настапа на „Дед Кен Денс“, потоа и неодамнешниот на Ману Чао, ова е четврти концерт во рамки на програмата на Таксират 2022, а според интересот на публиката се чини дека и овој ќе ја продолжи низата како целосно распродаден. Имено, за концертот на „Hladno pivo“ во Скопје останати се уште едвај 200 билети, достапни за купување онлајн или во продажните места на МкТикетс, се посочува во соопштението.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Музика

Откриена причината за смртта на Масимо Савиќ

Read more

8 декември 1980 – убиен бил Џон Ленон

Read more

Шакира демантира дека е во нова љубовна врска

Read more

Hladno pivo со настап во МКЦ на 9 октомври

Read more
 

Видео

  • play_arrow

Фејл компилација со мајмуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација: Кога идиоти вежбаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Само британски фејлови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејлови кои не завршија добро

Читај повеќе
  • play_arrow

Снежна фејл-компилација (II дел)

Читај повеќе
  • play_arrow

Снежна фејл-компилација

Читај повеќе

Откриена причината за смртта на Масимо Савиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Најшокантните фејлови во 2022

Читај повеќе