Компанијата HMD Global ја претстави новата Nokia 5.4.
Новиот смартфон е дизајниран за да им помогне на сите корисници полесно да ги извршуваат нивните обврски.
Nokia 5.4 има 4 задни камери од кои главната има 48 мегапиксели.
Од компанијата изјавија дека со Nokia 5.4 сакаат да направат комбинација од одлични перформанси и врвен квалитет за да ги задоволат потребите на сите купувачи.
Импресивната комбинација од 48 MP задна и 16 MP предна камера ќе ви овозможат снимање на врвни фотографии и видеа.
Смартфонот доби Qualcomm Snapdragon 662 процесор, 6,39-инчен HD+ екран. Батеријата трае 2 дена.