Вести

Хокинг: Убеден сум дека луѓето треба да ја напуштат Земјата

21. јуни 2017 - 15:13 | Б.С.Б.

Зборувајќи на фестивалот Стармус во Норвешка, Хокинг повторно ја повтори тезата дека ако човештвото сака да опстане иднината треба да ја бара на друга планета, пренесува BBC.

Хокинг смета дека луѓето треба да целат кон ново спуштање на Месечината до 2020 година и да изработат база во следните 30 години, проекти кои би помогнале во подготовката за испраќање луѓе на Марс до 2025 година.

„Ни снемува простор и единствените места каде можеме да одиме се надвор од нашиот свет. Време е да истражиме други соларни системи. Убеден сум дека луѓето треба да ја напуштат Земјата“, вели Хокинг.

Претходно во мај, познатиот физичар Стивен Хокинг објави негово мислење за иднината на луѓето на Земјата, порачувајќи дека луѓето мора да се преселат на друга планета во следните 100 години.

Коментирај