Живот

Хокинг за Трамп и Brexit: Ние сме во најкритичниот момент на човештвото

5. декември 2016 - 10:32 | Макфакс

Стивен Хокинг го прекина молкот во врска со изборната победа на Доналд Трамп, со очаен повик до човечката раса „да работи заедно и да ги сруши бариерите“, пишува Independent.

Тој изјави дека ќе биде страшна грешка да се игнорира популизмот зад гласовите за напуштање на ЕУ или Brexit, као и популизмот на американскиот магнат и милијардер.

Хокинг тврди дека ние сме во најкритичниот момент во развојот на човештвото со технологија која може да ја уништи планетата.

„Изборот на Донлад Трамп за претседател на САД и „брегзит“ станаа реалност поради тоа што луѓето бараат начини да се спасат од нееднаквоста, невработеноста и економските последици на глобализацијата“, вели физичарот Стивен Хокинг за британски Guardian.

Според него, овие два настани го рефлектираат моментот кога заборавените луѓе од сите страни „ја завртеа плочата“ и ги отфрлија сите совети и препораки на експерти и елити.

„Забрзувањето на научно-техничкиот напредок води кон тоа луѓето сè почесто да губат работа, а интензивниот развој на интернетот и придружните платформи ја заострува економската нееднаквост, овозможува стекнување екстра приходи само за ограничена група луѓе“, вели Хокинг.

За да ја избегнеме катастрофата не треба да градиме бариери меѓу земјите, туку да ги рушиме, нагласува Хокинг.

Коментирај